Шкрињар пред потпис со Ал Наср

105

Словачкиот репрезентативец Милан Шкрињар е пред заминување од ПСЖ.

Фабрицио Романо известува дека ПСЖ и Ал Наср се пред договор за трансфер на искусниот дефанзивец. Наводно словакот преговара со клубот од Саудиска Арабија и преговорите засега течат одлично. Иако Шкрињар имал и понуди од италијански клубови сепак тој е најблиску до потпис во тимот на Кристијано Роналдо.

Доколку Шкрињар се договори со Ал Наср и си замине од ПСЖ, тогаш францускиот клуб веднаш ќе се впушти во потрага по нова опција на дефанзивната позиција.

ПретходноЈуве ја прегази и Верона
СледноСтатистика: Онана е најлошиот голман кој некогаш бранел за Манчестер Ј.