Јуве ја прегази и Верона

102

Фудбалерите на Јувентус остварија убедлива победа во второто коло од италијанската Серија А против екипата на Верона со 0:3.

Со оваа победа Јуве покажа дека е сериозен кандидат да ја освои титулата после 5 години пауза. Резултатот го отвори Душан Влаховиќ со гол во 28-та минута, а 11 минути подоцна Савона го зголеми водството на „старата дама“. Во второто полувреме Јуве продолжи со доминацијата на теренот и набрзо стигна и до трет погодок преку Влаховиќ од пенал во 53-тата минута.

Екипата предводена од Тиаго Мота се зацврсти на првото место во лигата со максимален учинок во двете кола.

ПретходноНаташа Андонова се сели во С. Арабија, потпиша за Ал Шабаб
СледноШкрињар пред потпис со Ал Наср