Голманска рокада во Аталанта. Хуан Мусо му се приклучи на Атлетико Мадрид, а невата замена за ветеранот Руи Патрисио.
Атлетико за позајмица на Мусо ќе плати 1,5 милиони евра плус уште 7 милиони за да го откупи договорот идното лето.
А 36-годишниот Патрисио потпиша едногодишен договор со Аталанта. Овој играч има преку 700 натпревари во кариерата вклучувајќи 96 во Серија А со Рома, и уште 33 со „волчицата“ во Копа Италија и европските купови. Тој доаѓа во Бергамо како слободен играч.
Партисио е десетто заслување за Аталанта ова лето по Квадрадо, Беланова, Самарџиќ, Брешанини, Ретеги, Заниоло, Сулемана и Годфри. Де Кетеларе беше откупен од Милан на почетокот на летото.
Дома Меѓународен фудбал Италија Аталанта го испрати Мусо во Атлетико Мадрид, а го донесе Руи Патрисио