Фудбалер на Национал почина четири дена откако колабрираше на терен

337

Еден од најдобрите дефанзивци во уругвајскиот шампионат Хуан Изгуердо почина на 27 години откако доживеа срцев застој на натпреварот со Сао Пауло во Копа Либертадорес пред четири дена.
Тој се срушил на теренот во 84 минута, а по првите прегледи лекарите истакнале дека немал срцев удар, туку претрпел срцева аритмија. За жал неколку дена подоцна починал.
Изгуердо ја почнал кариерата во Серо, а играл и за Пењарол, Вондерерс, Сан Луис, Национал и уругвајски Ливерпул.

ПретходноИзненадувања на УС Опен: Елиминација за Циципас и Оже-Алијасим
СледноРебиќ се врати во Серија А