0
Дарвин Нуњез, напаѓачот на Ливерпул, нема да може да игра за селекцијата на Уругвај на наредните пет натпревари. Дарвин е казнет од страна на Конмебол поради инцидентот за време на Копа Америка на мечот меѓу Уругвај и Колумбија.
Да потсетиме дека по мечот дојде до тепачка меѓу играчите и навивачите, а Дарвин Нуњез беше еден од главните тепачи.
Фудбалската федерација на Уругвај е казнета со 120.000 долари.
Покрај Нуњез казните ги добија и Родриго Бетанкур (4 меча), Матиас Оливера (3 меча), Роналд Араухо (3 меча) и Хосема Хименес (3 меча).