Одредени двојките за 3. коло на англискиот Лига Куп: Ливерпул против Вест Хем

102

Ливерпул ќе игра против Вест Хем во највозбудливиот дуел од 3. коло на англискиот Лига Купо, попознат како Карабао Куп. Така сакаше ждрепката доцна синоќа откако беа комплетирани сите учесници во оваа фаза.

Ливерпул ќе биде домаќин на „чеканите“ во периодот од 16 до 23 септември за кога ќе бидатодредени точните термини на одигрување на сите натпревари.

Манчестер Сити во оваа рунда ќе се сретне со екипата на Ватфорд, додека Арсенал за противник ќе го има Болтон. Прилично лесна задача за пласман во следното коло треба да има и Манчестер Јунајтед кој ќе гопречека Барнсли, додека Челзи ќе игра со екипата на Бероу.

Комплетни двојки за 3. Коло на англискиот Лига Куп:

Ливерпул – Вест Хем

Манчестер С. – Вотфорд

Арсенал – Болтон

Манчестер Ј. – Барнсли

Вајкомб – Астон Вила

Ковентри – Тотенхем

Волсал – Лестер Сити

Брентфорд – Лејтон Ориент

Блекпул – Шефилд Венсдеј

Престон – Фулам

Евертон – Саутемптон

Квинс Парк Ренџерс – Кристал Палас

Стоук Сити – Флитвуд Таун

Брајтон – Вулверхемптон

Вимблдон – Њукасл Јунајтед

Челзи – Бероу

ПретходноКако изгледаат шеширите пред денешната ждрепка за новата сезона од Лигата на шампионите?
СледноАгрон Руфати ќе игра за Динамо Сити од Тирана