Кристијано Роналдо ги разгневи Бразилците поради навредите кон Пеле и Ромарио! (ВИДЕО)

2850

На Кристијано Роналдо му недостига само уште еден гол да дојде до бројката од 900 голови во кариерата. Јасно е дека тоа ќе го достигне, но на прашањето дали има намера да дојде до 1.000 голови, тој одговори дека посакува, но притоа ги навреди Пеле и Ромарио и со тоа го навлече гневот во фудбалска Бразил.

Имено познато е дека зад имињата на овие двајца славни Бразилци стои дека постигнале повеќе од 1.000 голови, но на некој од нив, посебно за Пеле, нема видео – снимка:

Сакам да постигнам 1.000 голови во кариерата, такви ми се плановите, но за да се дојде до таа бројка зависи и мојата здравствена состојба. Јас знам дека има и други кои постигнале повеќе од 1.000 голови, јас ги респектирам, но сакам да кажам дека разликата меѓу нив и мене е таа што за секој мој гол има видео-снимка како доказ, а кај другите тоа го нема“ и по оваа изјава Бразилците збеснаа, очигледно е дека оваа негова изјава ја сфатија како навреда за Пеле и Ромарио.

Кога сме кај починатиот Пеле тој секогаш изјавуваше дека тој во својата блескава кариера има постигнато 1.283 голови.

ПретходноТони Крос: Реал Мадрид повторно ќе биде шампион, Барса нема да биде ни втора!
СледноПрекин во Љубљана – летаа запалени факели кон играчите но и кон публиката