Винисиус предупредува: Ако од трибините има расистички повици тогаш сите играчи на Реал ќе го напуштат теренот!

511

Иако се работи за одличен фудбалер, еден од најдобрите во моментов, сепак Бразилецот Винисиус не е толку омилен во фудбалските кругови, кај фановите освен кај оние од неговиот Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил.

Секако дека тоа не значи дека треба кон него да продолжат расистичките повици од трибините како што тоа беше случај пред извесно време. За тоа виновниците беа пронајдени и осудени на затвориски казни.

Самиот Вини за овој проблем вели дека некои работи се промениле, но дека сеуште во Шпанија има облици на расизам па затоа тој предупреди:

Ние за ова разговаравме во Реал Мадрид, сите ние знаеме дека ова е голем проблем па се договоривме како да реагираме. Имено ако дојдат од трибините кон нас расистички повици, тогаш сите играчи на Реал Мадрид веднаш ќе го напуштат теренот, без разлика каде играме и без разлика на кој стадион играме“ рече покрај другото напаѓачот на “кралевите“.

ПретходноПромоција: Ливерпул се пофали со Киеза! (ФОТО)
СледноНовиот селектор на Англија го објави списокот за мечевите во Лига на Нации, на него има четворица дебитанти! (ФОТО)