Двојниот холандски шампион АЗ Алкмар го реализира третиот најдобар трансфер во клупската историја. Го продаде 20-годишниот напаѓач Мајрон Боаду во Монако за 18 милиони евра. Договорот на младиот фудбалер со тимот од Кнежевството е на пет сезони.
Боаду одигра 88 натпревари за АЗ и притоа запиша 38 гола и 18 асистенции. Тој дебитираше за Холандија во ноември 2019 и даде гол против Естонија во квалификациите за СП.
Ова е трет најдобар трансфер на холандскиот шампион од 1981 и 2009 година. На прво место е продажбата на Винсент Јансен во Тотенхем во 2017 година за 22 милиони евра, на второ место е трансферот на Ализира Јаханбаш во Брајтон за 19 милиони евра во 2019 година, а сега Боаду прави трансфер вреден 18 милиони евра исто како и Гас Тил кој прејде во Спартак Москва во 2020 година за таа сума.
АЗ ова лето заработи 37,5 милиони евра од трансфери. Освен Боаду во Монако го продаде Калвин Стенгс во Ница за 15 милиони евра и голманот Марко Бизот во Брест за 4,5 милиони евра.