Фудбалерите на Арсенал и Брајтон ремизираа 1:1 во Лондон, во првиот меч од третото коло на англиската Премиер лига. Откако двете екипи победија во воведните две кола, сега и двете имаат по седум бода.
Арсенал поведе преку Хаверц во 38. минута, а Жоао Педро израмни во 58.
Треба да се напомене и дека „топчиите“ речиси цело второ полувреме го одиграа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Деклан Рајс.