Ќатип Османи: Задоволен сум од победата, ама Струга ТЛ мора и може подобро!

187

Шампионот се врати на победничките патеки по оној пораз во минатото коло против Работнички во Скопје. Попладнево Струга ТЛ со 2:0 ја победи Брера и освои големи три бода. Сега стружани се само на бод зад лидерот Шкендија, допрва битката за титулата ќе се разгорува.

По мечот за “СпортСпорт“ свој коментар имаше стратегот на шампионот, Ќатип Османи:

Задоволен сум од победата, од трите бода. Со оваа победа над Брера ни се враќа самодовербата по оној пораз од Работнички во минатото коло. Да, одигравме нешто подобро во однос на минатите мечеви, ама сите знаеме дека овој тим на Струга ТЛ мора и може подобро. Сметам дека убаво ќе ни дојде оваа пауза да видиме што можеме да поправиме во нашата игра“ заклучи Османи.

ПретходноБразилецот Еванжелиста и Французинката Жиус победници на 37. Охридски пливачки маратон
СледноБарселона го сомле Ваљадолид за 100% ефект по четири кола, хет-трик на Рафиња