Назифи донесе победа на селекцијата до 17 години против Романија во пријателски меч (видео)

1108

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја совлада Романија со 1:0 во меч што се одигра во Буфтеа фудбалскиот центар во Романија. Стрелец на голот за македонскиот тим беше Зани Назифи во 76. минута.

Уште во 3. минута Назифи постигна гол кој беше понштен поради офсајд, во 18. минута Митров се најде во шанса но противничкиот голман одбрани. Во 72 минута Романците добија пенал, а го одбрани Стојановиќ.

На 6 август избраниците на Тони Јакимовски ќе одиграа уште еден тест меч со Романија.

За Македонија У17 играа: Стојановиќ – Аризанковски, Стојилевски, Марковски, Јаневски, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Стојанов, Назифи, Елмас, Митров.

Играа уште: Таири, Нухија, Сулејман, Николовски, Манојлов

ПретходноМуци го „здрви“ Динамо на „Максимир“, Ференцварош слави против Славија (видео)
СледноРК Пролет тргна со подготовки: Во јубилејната година посакува нов пласман во плеј-офот и во Европа