По лошите резултати: Илиевски не е веќе тренер на Осогово!

367

Добринко Илиевски и официјално не е веќе тренер на Осогово. Имено како што известуваат од таборот на второлигашот од Кочани, договорено е да се прекине соработката, или по наше да му се врачи отказ на тренерот кој во првите три кола забележи два порази и едно реми и со еден бод се наоѓа на 14.место на табелата во Втората лига.

Се разбира дека луѓето од Осогово му се заблагодарија на досегашниот ангажман на Илиевски и му посакаа многу успеси во понатамошната кариера.

ПретходноДимитар Митровски: Целта е да се освои првото место во групата! (ВИДЕО)
Следно“Земјотрес“ во Истанбул: По Осимен, Галата ќе ги потпише и Рабио и Костиќ!