“Земјотрес“ во Истанбул: По Осимен, Галата ќе ги потпише и Рабио и Костиќ!

1066

Каков ден за фановите на Галатасарај. Откако се дозна дека Виктор Осимен е веќе догворен, остануваат само уште деталите да се “испеглаат“, нови “бомби“ се на повидок. Станува збор за двајца екс играчи на Јувентус и тоа Филип Костиќ и Адриен Рабио.

Медиумите во Турција просто “збеснаа“, фановите на Галата се во екстаза, вистински “земјотре“ го погоди Босфор во текот на денешниот ден.

Секоја чест за Мурињо и Фенер, заедно со Џеко и Тадиќ, но Галата со Осимен, Костиќ и Рабио и со останатите ѕвезди во тимот едноставно ќе нема конкуренција во Турција.

ПретходноПо лошите резултати: Илиевски не е веќе тренер на Осогово!
СледноНадежите го одработија првиот тренинг во Амстердам! (ФОТО)