По поразот од Хрватска, машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија забележа победа во вториот меч од ФИБА Челенџер во Скопје. Вечерва нашите млади кошаркари славеа против Грузија со 69-66 благодарение на поснаодливоста во финишот на мечот. На полувреме беше изедначено (30-30), Грузијците водеа по третата четвртина, но во последната македонските кошаркари направија пресврт и победија.
Најефиксни кај нашиот тим, воедно и на мечот беа Андреј Митревски и Филип Наков со по 19 поени, а Резард Мемед реализираше 15 поени.
Следниот меч на Македонија е против Шпанија (утре), потоа против Србија (на 7 август) и на крај против Германија (на 8 август).