Бура во Барса: Јамал му прави проблеми на Флик!

1088

Иако резултатите на стартот од сезоната во Ла Лига, четири победи на исто толку мечеви со гол разлика 13:3, навестуваат дека атмосферата во тимот е на највисоко ниво, сепак не е така. Имено не било се бајковите на релација играчи – стручен штаб на чело со Ханси Флик.

Познато е дека Германецот сака челична дисциплина, вовел и нови методи во тренинзите. Тоа и некако му поминало, но кога почнало да се тренира двапати на ден, еднаш само на ден пред натпревар, е тука почнал Јамал да бунтува.

На младата ѕвезда на Барса и репрезентацијата на Шпанија не му се тренирало баш двапати на ден па во неколку наврати на утринските тренинзи тој “дебело“ задоцнил.

Ова го разгневило Флик и затоа имал посебен состанок со Јамал. Што се било кажано на тој состанок медиумите во Шпанија не пренесуваат, но јасно е дека Флик побарал поголема дисциплина од својот млад фудбалер.

ПретходноПотврдено: Брера се пофали со Горазд Михаилов! (ФОТО)
СледноАлими: Брз гол во Торшавн ќе ни ја олесни работата со Фарски Острови