Лука Дончиќ веќе извесно време се споменува како играч кој Лос Анџелес Лејкерс би сакале да го доведат. Ако го прашате поранешниот седумкратен шампион во НБА и поранешен член на Лејкерс, Роберт Хори, тоа не би требало ни да се случи.
Минатата сезона Дончиќ играше во финалето на НБА со својот Далас Маверикс и загуби во серија од пет натпревари против Бостон Селтикс. Најдобриот стрелец во лигата го одигра регуларниот дел од сезоната со просечни 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции по натпревар. Сето тоа не е доволно добра причина за Дончиќ во дресот на Лејкерси, според Хори.
Историјата на Лејкерс памети некои од најдобрите играчи на сите времиња во нивниот дрес, како Џери Вест, Вилт Чембрлен, Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон, Коби Брајант, Шекил О’Нил и Леброн Џејмс. Дончиќ е на добар пат да биде запаметен како НБА великан, но за Хори тој не е играч кој еден ден би ја презел улогата на лидер од рацете на Леброн.
“Колку години ќе има кога ќе му истече договорот? 31, 32? Дури и сега не е меѓу најдобрите одбранбени играчи во лигата, а тоа е проблем за Лејкерси. Тие мора да доведат атлетски силни играчи кои играат добра одбрана. Знаеме дека би требало да му го тргнеме пивото од раце бидејќи тој не е тип на личност за да остане во форма. Ќе биде добар, но не е она што му треба на Лејкерс“, рече Хори.