По втор пат од почетокот на сезоната, напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго ја изрази својата фрустрација што се чини дека не го заслужува вниманието кое го заслужува. Сега е лут што не беше меѓу 30-те номинирани за Златната топка за 2024 година. Бразилецот пред неколку недели преку луѓе од својот тим повика неговиот придонес во успехот на гигантот од „Бернабеу“ да биде оценет на рамноправна основа со оној на другите ѕвезди.
Во изминатата сезона Родриго подигна три трофеи – во Лигата на шампионите, во Ла Лига и за Суперкупот на Шпанија. На 51 натпревар за Реал, 23-годишниот фудбалер постигна 17 гола и даде две асистенции.
Без разлика на сето ова, тој не е меѓу почестените за „Златната топка“, додека во исто време неговите соиграчи Џуд Белингем, Винисиус Жуниор, Антонио Рудигер, Федерико Валверде, Даниел Карвахал, новиот Килијан Мбапе, како и поранешниот Тони Крос се најдоа во номинациите.
Во врска со ова, Родриго сподели на Инстаграм колаж од негови фотографии со трофеите од минатата сезона.