„Роналдо изгледа како тренер, би можел да ги води Јунајтед и Реал!

236

Легендарниот фудбалер Мајкл Овен ја коментираше можноста Кристијано Роналдо да стане тренер по завршувањето на неговата играчка кариера.

Овен истакна дека доколку Португалецот реши да стане тренер, еден ден би можел да седне на клупата на великаните за кои настапувал.

„Би било интересно да се види што ќе прави Кристијано Роналдо кога ќе се пензионира. Гледајќи го тоа однадвор, мислам дека можеби ќе сака да биде на теренот и да ја води Португалија како во финалето на ЕП 2016 година.

И тогаш изгледаше како тренер, а се уште изгледа. Изгледа како да сака да тренира, можеби би сакал да оди на тој начин“, изјави Роналдо и додаде:

„Работa во Португалија, тука можам да го видам неговото име. Никогаш не се знае во тренерската работа, дали би бил добар, можеме да го видиме во големи тимови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“.

ПретходноИзмени во термините за Втора лига и за Куп натпреварите!
СледноРФМ со благодарност до градоначалникот на Гевгелија