Сензационални 0:0 во Сеул на мечот од квалификациите за СП 2026 меѓу Ј. Кореја и Палестина. Секако дека ретко кој очекуваше дека гостите ќе успеат да останат непоразени кај Ј. Кореја, за која покрај другите ѕвезди настапи и славниот Сон од Тотенхем.
За домашните настапи и некогашните играчи на Ц. Звезда, Хванг и Сеол, речиси комплетни беа домашните, но ни тоа не помогна да се дојде до победа над Палестина барем со 1:0.
Ова реми и овој бод, оваа сензација секако дека и тоа како ќе ги израдува Палестинците, посебно во Газа.