Бразил ја постигна третата победа од почетокот на светските квалификации КОНМЕБОЛ. Бразилците славеа со 1:0 над Еквадор, а голот го постигна Родриго во 30. минута.
Натпреварот во никој случај не беше спектакуларен, но Бразилците тргнаа по посакуваниот пат и сега изгледа го заборавија кошмарниот почеток на квалификациите.
RODRYGO!!!!!! pic.twitter.com/scq5fbBslj
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) September 7, 2024
Бразил е четврт на табелата со скор од три победи, едно реми и три порази. За Еквадор ова е втор пораз и селекцијата е петта во поредокот со 8 бодови.