Денеска стартува новата сезона во Супер-лигата. За разлика од минатата, бројот на учесници е променет, наместо претходно 16-те екипи, во овој ранг од натпреварувањето има 12 тимови.
И оваа сезона фаворити за тронот се актуелниот првак Пелистер и најтрофејниот тим, Вардар 1961. Иако тимот на Алкалоид е во сенка на овие две екипи, сепак избраниците на Кирил Лазаров по освојувањето на Супер Купот на сметка на битолчани најавија дека повторно ќе бидат незгоден противник за фаворитите и нема да биде чудно ако им ги расипе плановите.
ГРК Охрид е во друштвото на тимови кои треба да котираат за горните позиции на табелата.
Новата сезона стартува со дуелот меѓу Бутел Скопје и Куманово (15 часот), додека пак Пелистер одбраната на титулата ја почнува вечерва против ГРК Тиквеш, кој во последен момент го стави Кристијан Грчевски на тренерската позиција.
Дербито на колото е во Автокоманда, а таму утре силите ќе ги одмерат Алкалоид и Вардар.
ПРВО КОЛО
САБОТА
15:00 Бутел Скопје – Куманово
16:00 Струга – Бисинов Фриут Ленд
18:30 Прилеп – Пролет 62
19:00 Радовиш – Охрид
19:00 ГРК Тиквеш – Е. Пелистер
НЕДЕЛА:
19:00 Алкалоид – Вардар 1961