Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри наскоро може да се врати на клупата во Италија и тоа како предводник на еден од неговите поранешни тимови Милан, пренесува „Тутоспорт“.
„Росонерите“ имаа многу лош почеток на сезоната и освоија само два бода по првите три кола, па притисокот врз тренерот Пауло Фонсека се зголемува. Со оглед на тоа што Милан го чекаат дуели со Лацио, Парма и Торино, медиумите почнаа да вршат поголем притисок врз Фонсека кој нема да добие премногу простор за да се справи со кризата во тимот.
Управата на „росонерите“ ја потврди довербата во Фонсека, но доколку работите не се сменат, тогаш најголем фаворит за негова замена е токму Масимилијано Алегри.