Привремениот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Ли Карсли изјави дека на натпреварот против репрезентацијата на Ирска нема да пее ниту една од двете национални химни.
Карсли е роден во Бирмингем, Англија, но во текот на својата кариера тој настапуваше за ирската репрезентација и во таа прилика не ја пееше ирската национална химна.
„Пеењето на химната е нешто што никогаш го немам направено, отсекогаш сум бил фокусиран само на фудбалот. Јас целосно ги почитувам и двете химни и разбирам колку им значат на луѓето, но јас едноставно не можам да го направам тоа“.
Публиката во Даблин сигурно нема да им приреди убав пречек на англиските интернационалци Џек Грилиш и Деклан Рајс, поради тоа што тие настапуваа во младинските селекции на Ирска, па ја променија репрезентацијата и заиграа за Англија.
Натпреварот помеѓу Ирска и Англија ќе се игра денеска од 18:00 часот.