Влаховиќ го престигна Лаутаро: Србинот е најплатен фудбалер во Серија А

1789

Српскиот репрезентативец и напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатен фудбалер во Серија А, со годишна плата од 12 милиони евра нето, тврди порталот „Калчо Фиренца“.
Истиот портал направил листа на играчи со најдобрите договори во Италија, а на чело се наоѓа српскиот напаѓач кој новата сезона ја стартуваше со два гола во три натпревари.
По него се наоѓа Лаутаро Мартинез кој заработува по 9 милиони евра на годишно ниво, а зад него се Хакан Чалханоглу и Николо Барела со по 6,5 милиони евра.
Двојно помалку од Влаховиќ имаат Маркус Турам од Интер и Ромелу Лукаку од Наполи (по 6 милиони), а потоа Алесандро Бастони од Интер (5,5 милиони)…
Што се однесува до клубовите, најмногу пари за плати троши Интер (141,7 милиони), втор е Јувентус (111,7), а трет Милан (104,3 милиони).

ПретходноМаркез маестрален на дождливата трка во Сан Марино
СледноЕвертон размислува да го врати Дејвид Мојс