Саутгејт си најде нова работа, веќе нема да биде тренер!

304

Герет Саутгејт, кој до пред два месеци беше селектор на Англија, си најде нова работа. Но таа не е ни тренерска ни селекторска. Англичанецот ќе работи во УЕФА и тоа како технички набљудувач.

А што тоа значи?

Саутгејт заедно со неколку свои соработници ќе анализира фудбалски натпревари од тренерска перспектива и со тоа ќе и помага на УЕФА да воочува нови трендови во фудбалот. После натпреварите тој ќе има за задача да ги испраќа видеоматеријалите до УЕФА, се разбира со целосна анализа.

Оваа работа во блиското минато ја извршувале Фабио Капело, Аврам Грант, Франк Де Бур кои беа технички набљудувачи на УЕФА за време на ЕУРО 2024.

ПретходноГотово е: Филип Костиќ го засилува Фенербахче!
СледноМајсторија на Поулсен: Данска и без селектор ја “реши“ четата на Пикси!