Лесно е кога се браниш, па макар тоа било и против Шпанија, но кога ќе треба нешто да одиграш, е тогаш имаш проблем. Само три дена траеја воспевањата во Србија по ремито со Шпанците за нивниот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.
Па така вечерва на “Паркен“ во Копенхаген, домашната селекција на Данска, лесно и речиси рутински ја победи Србија со 2:0 и докажа на дело дека нашиот северен сосед е далеку, далеку од некој врвен фудбал.
Треба да се каже дека Поулсен во 61.минута постигна фантастичен гол и тоа со ножички. Претходно Данците преку Гронбек во 36. минута поведоа со 1:0.
Yussuf Poulsen SCORES with a bicycle kick! 🤯
Goal AND assist today.https://t.co/cCOw3Cs5lV
— Danish Scout (@DanishScout_) September 8, 2024
Да кажеме и тоа дека Данска на овој го немаше селекторот Мортен Вегхорст кој не седеше на клупата и тоа поради стрес, така беше и на првиот меч во Лигата на Нации против Швајцарија.
Покрај овој меч во терминот од 18 часот се одиграа уште неколку средби. Една од нив беше меѓу Словачка и Азербејџан, славеа домашните со 2:0.
Бугарија ја победи С. Ирска со 1:0.