Навистина супер интересно беше вечерва на средбата на Гибралтар меѓу домашната селекција и Лихтенштајн во Д Лигата на Нациии. Може да се каже дека ова беше и епска драма, нешто невидено во светот на фудбалот.
Инаку мечот кој траеше и повеќе од 105 минути заврши со резултат 2:2, но да тргнеме со ред.
Во 8.минута Гибралтар поведе со голот на Вокер. Во 51.минута Саглам израмни на 1:1.
Во 82.минута Вокер не успеа да постигне втор гол, не реализираше пенал. Беше покажано дека ќе се играат 9 минути судиско продолжение и тогаш почна драмата.
При резултат 1:1, во 90+2.минута на гостите им беше поништен гол. Во 90+7.минута домашните повторно доаѓаат во водство со голот на Сканлон.
Во минутите што следуваат имаше реакции и од двете страни, и Гибралтар и Лихтенштајн барем по еднаш реагираа за пенали, но ништо од тоа, и се така до 90+14.минута кога сепак беше покажан конечно пенал, но за гостите кои го реализираа преку Хаслер за конечни 2:2.
Значи супер драматични 14 минути од судиското продолжение на Гибралтар.
Драма која ќе се памети.