Полувреме на Арена: Елмас не реализираше зицер, неколку шанси, но нема голови, Зајков исклучен!

421

Заврши првото полувреме од средбата во Лигата на Нации меѓу Македонија и Ерменија и тоа со резултат 0:0. Штета, затоа што нашите момци одиграа сосема солидно, имаа и неколку шанси, посебно зицерот на Елмас во 21.минута кога се најде очи во очи со ерменскиот голман кој успеа во последен момент да го спаси својот гол.

Уште на стартот од мечот голем пех, Чурлинов се повреди во 2.минута па мораше Ќамили да го менува.

Постојано Македонија напаѓаше, Барди и Бабунски со по неколку шута опасно се заканија, реално требаше да водиме, но немаме реализација па талка на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Ерменците речиси и да немаа шанса, ако не се смета заканата на Хофхансјан, но и ако тоа беше гол немаше да важи.

Во последните секунди од првиот дел Ѓоко Зајков доби втор жолт, односно црвен, па така Македонија остана со играч помалку. На никому не му е јасно зошто нашиот стопер беше исклучен од германскиот судија. Фаулот го направи Ќамили, а зошто Зајков беше исклучен?

No description available.

ПретходноПромоција: Коста Манев се врати во Брера!
СледноГрчевски одбра за контролите со Австрија