ФИФА потврди: Ова лето имаше рекорден број на трансфери – над 11.000!

92

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави рекорден број на трансфери реализирани во летото 2024 година. Заклучно со 31 август официјално се направени рекордни 11.000 меѓународни трансфери, што е зголемување од 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

Исто така, беше објавено дека клубовите ширум светот потрошиле повеќе од 6,4 милијарди долари за обесштетување, што е втора најголема сума во историјата, но и пад од 13,06 отсто од минатогодишниот рекорд. Убедливи лидери кај потрошувачите се европските клубови со 5,58 милијарди долари, а доминираат англиските, кои летово потрошија дури 1,6 милијарди долари.

Саудиска Арабија во моментов не може да се трка со европските тимови, па затоа и е забележан пад на трошоците за цели 50,74 отсто. По минатогодишните 875 милиони долари, саудиските клубови оваа година потрошија 431 милион долари, но таа бројка би требало да порасне со оглед дека трансферите таму може да продолжат до октомври.

ПретходноШтип УГД се откажа од учество во Балканскиот куп, цел фокус на првенството и купот
СледноПо 30 години, Репсол заврши со Хонда во Мото ГП