Сега е дефинитивно: Македонија е во третиот шешир за ждрепката во квалификациите за СП 2026! (ФОТО)

1044

Како што велат најновите пресметки, и тоа по завршувањето на 2.коло во сите сегменти во Лигата на Нации, Македонија се најде во третиот шешир за ждрепката во квалификациите за СП 2026.

Познато е дека истата ќе се одржи во декември, а првите квалификациски мечеви ќе се играат во март следната година.

Во однос на останатите шешири можно е да има некои промени, но Македонија дефинитивно од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за СП 2026. Покрај Македонија во третиот шешир се и селекциите на Ирска, Финска, Албанија, Грузија и Ислнд. Со нив сигурно е дека нема да се паднеме во групата. Засега во третиот шешир се и селекциите на Норвешка и Словенија, но овие две селекции можат да “скокнат“ и во вториот. Тука се и репрезентациите на Црна Гора, С. Ирска, БиХ и Израел, сепак овие селекции во зависност од резултатите до крајот на Лигата на Нации би можеле да се најдат и во четвртиот шешир.

Инаку ќе има 12 квалификациски групи и само победниците ќе се пласираат директно на Мундијалот. Останатите четири претставници од Европа ќе се бараат преку баражите на второпласираните и четорите најдобри од Лигата на Нации.

Image

ПретходноПо 30 години, Репсол заврши со Хонда во Мото ГП
СледноВО АВГУСТ ДОЖД ОД ДОБИВКИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА, НА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ