Најголемиот во историјата: Валентино Роси најави повлекување…

279

Валентино Роси (42), најголемиот мотоциклист во историјата, на денешната вонредна прес конференција најави повлекување од Мото ГП шампионатот. Легендарниот “Доктор“, по крајот на оваа сезона и дефинитивно ќе се повлече од мото спортот, во кој е од далечната 1996 година.

Неговите успеси во овие децении се фасцинантни. Во девет наврати ја освојуваше титулата светски првак од кои дури во седум наврати во “кралската класа“.

Едноставно по популарноста, квалитетите и пред се успесите, едноставно му нема рамен на Валентино Роси.

Ова тежок момент за мене. Тешко е да се знае дека нема да се тркам следната сезона. Но, тоа. Ова беше долго и забавно патување кое траеше цели 25 години. Имаше многи незаборавни моменти за мене“ рече покрај другото на пресот Валентино Роси.

ПретходноУганда испиша историја: Ја има првата дама со златен медал на ОИ
СледноКарл Луис жестоко ја искритикува американската штафета: Ова е срамота…