Конечно убедлив Манчестер Јунајтед!

83

Манчестер Јунајтед попладнево на гостувањето кај Саутемптон, во меч од 4.коло во Премиер – лигата, успеа да слави со 0:3. Сепак некои работи на овој меч веројатно поинаку ќе изгледаа ако домашниот фудбалер Арчер во 33.минута на 0:0, успееше да го реализира ударот од блета точка. Но Онана одлично одбрани и работите се свртеа.

Прво Де Лихт две минути подоцна го казни промашувањето на домашните и постигна убав гол, инаку прв како играч на Манчестер Јунајтед за 0:1. Во 41.минута Рашфорд стрелаше за 0:2 и со тоа го реши мечот. Ова беше негов прв гол од 17 март годинава. 

Во второто полувреме Саутемптон остана со играч помалку по црвениот картон на Стивенс, но Јунајтед не сакаше ништо да ризикува и рутински ги одработи последните минути од оваа средба. Сепак Гарначо, кој мечот го започна од клупата во 90+6.минута со убав гол ги постави конечните 0:3.

Со оваа победа тимот на Ерик тен Хаг сега има 6 бода, ова беше втор триумф на Манчестер Јунајтед во четвртиот меч оваа сезона во Премир – лигата.

ПретходноЛеклер ја освои пол – позицијата за ГН на Азербејџан!
СледноЛина се пласира во финале во двојки на турнирот во Љубљана!