Фахад Ал – Мувалад, репрезентативецот на С. Арабија се бори за живот откако паднал од балконот на својот апартман во Дубаи. Фудбалерот на Ал Шабаб, клуб од ОАЕ имал гости во својот дом, тие си заминале три часа пред да се случи оваа страшна несреќа. Инаку фудбалерот е пренесен во болница на интензивна нега. Полицијата сега ги прегледува сите видео снимки со цел да види што навистина се случило.
Инаку се шпекулира дека Ал Мувалад, кој за својата репрезентација има одиграно 74 средби на кои постигнал 17 голови, имал недоразбирања со властите во својата земја, па можеби ова било и обид за убиство.
Ова е неофицијално.