Елмас остана на клупата, а Лајпциг одигра само 0:0 со Унион Берлин, Леверкузен го прегази Хофенхајм!

65

Попладнево се одиграа пет меча од 3.коло во Бундеслигата. Јасно е дека нас најмногу не интересира што направи Елиф Елмас во дресот на Лајпциг, но Дијамантот повторно не доби никаква минутажа на средбата со Унион Берлин. Целиот меч го преседе на клупата за резерви иако неговиот тим не успеа да постигне барем еден гол и да победи. Оваа средба заврши со резултат 0:0, треба да се каже дека “биковите“ преку Опенда не реализираа пенал во 74.минута.

Навистина што се случува со Елмас?

Шампионот, тимот на Леверкузен буквално го прегази домашниот состав на Хофенхајм и тоа со 1:4. Тимот на Чаби Алонсо покажа класа.

Териер двапати Бонифејс и Вирц стрелаа за победа.

Менхенгладбах како домаќин беше поразен од Штутгарт со 1:3.

Фрајбург го победи Бохум со 2:1, нашиот репрезентативец Агон Елези не беше во записникот на гостите на овој натпревар.

Франкфурт како гостин со 1:2 славеше кај Волфсбург.

Претходно“По првиот пораз ни рече да излеземе од автобусот во 1 часот наутро и да пешачиме 100 км“!
СледноСити прими гол во 22 секунда, па Халанд со два гола донесе победа, Ливерпул шокиран на “Енфилд“!