Манчестер Сити уште на стартот во новата сезона во Премиер-лигата покажува кој е кој, па така по победата над Бретфорд сега има четири од четири. Попладнево на „Етихад“, четата на Пеп Гвардиола успеа да слави со 2:1 иако прими гол во 22 секунда. Ова најбрзиот гол што некој клуб го постигнал кај Сити на гости во историјата.
Сепак Ерлинг Халанд со два гола, во 19. и 32.минута успеа да донесе победа за својот тим. Инаку Јармолјук можеше во 90.минута да израмни, имаше зицер, но сепак не успеа.
Па така со овие два гола Халанд сега има 9 голови на четири меча сезонава.
Нема што, оваа лига може да се нарекува и “Халанд – лига“ а не Премиер-лига.
Нотингем Форест го победи Ливерпул на “Енфилд“ со 0:1. Ова беше прв триумф на „шумарите“ на гости кај Ливерпул по првпат од 1969 година или по цели 25 меча во низа.
Сензација, нема што. Ова е прв пораз на Арне Слот како тренер на “Редси“ и прв примен гол.
Вест Хем се спаси од пораз со гол во 90+5.минута со голот на Ингс на гостувањето кај Фулам.
Брајтон и Ипсвич одиграа 0:0, Кристал Палас и Лестер ремизираа со 2:2.