Манчестер Сити по веста дека Меси не продолжува со Барселона, се уште тврди дека не размислува за потпис со Аргентинецот. Извори блиски до англискиот клуб ја отфрлаат можност да го вклучат аргентинскиот фудбалер во плановите за трансфер, иако многумина веќе ги ставија први на листата на фаворити за неговиот потпис. Втор фаворит секако е ПСЖ.
Според изворите од Англија, „граѓаните“ имаат јасен план во кој Лео Меси не е нивна прва опција. Прв избор за Сити излезе дека е англискиот репрезентативец Џек Грилиш, кој вечерва потпиша договор со „граѓаните“ на 6 години, со трансфер вреден 100 милиони евра.
Исто така, Сити е фаворит и за потписот на Хари Кејн од Тотенхем.