Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го подготвува својот тим за дуелот од Карабао купот против третолигашот Барнсли во денеска. Главното прашање на новинарите во Англија пред тој меч беше дали ќе игра Антони, Бразилецот за кој Јунајтед пред две години плати 95 милиони евра.
“Ќе видиме каков ќе биде составот против Барнсли. Имаме тренинзи секој ден и секој треба да го заработи правото да игра за Манчестер Јунајтед. Кога ќе имаат правилен став и ќе покажат добри перформанси на тренинзите, тогаш ќе играат”, изјави Тен Хег, кој минатата сезона со Јунајтед го освои ФА Купот.
„Карабао купот и ФА Купот се важни. Многу тимови им обрнуваат внимание, сопствениците на клубовите и тренерите сакаат да освојуваат трофеи. Сум видел тимови да се борат за освојување купови, а ние го сакаме истото“, изјави холандскиот тренер.
Антони во Англија пристигна од Ајакс токму на иницијатива на Тен Хаг, но беше многу разочарувачки. Сезонава одигра само една минута. Тој одигра вкупно 83 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 11 голови. Минатата сезона не беше добра за него, влезе во криза од која сè уште не се опорави. Во меѓувреме неговата цена падна на 25 милиони евра на Трансфермаркт.