Ериксен решен да игра фудбал, објави и за колку време ќе се врати на терените

541

Играчот од средниот ред на Интер и репрезентативец на Данска, Кристијан Ериксен, вчера зборуваше за неговото враќање на терените.

„Ќе почнам да играм за четири или пет месеци. Добро сум“, изјавил Ериксен за „Кориере дело Спорт“.

29-годишниот фудбалер неодамна се врати во Интер. Тој ќе мора да помине курс за опоравување под надзор на данските лекари, за евентуално да се обиде да се врати на фудбалските терени.

На 12 јуни, на крајот од првото полувреме на натпреварот од Еуро 2020 меѓу Данска и Финска (0:1), Ериксен падна на тревникот и не можеше да стане. Спортистот доби итна помош на теренот 15 минути, потоа беше однесен во болница. Подоцна беше откриено дека играчот доживеал срцев удар. Кристијан имал инсталирано кардиовертер-дефибрилатор, што остави многу отворени прашања за неговата натамошна кариера.

ПретходноОдбојкарите завршуваат во Маврово, следната недела две контроли со Србија
СледноКонференциска лига: Од еден дожд им се излупија броевите на дресовите, па ги пишуваа со маркер!? (ФОТО)