Некогаш играше во Европа, сега во четврта лига на пет меча има гол разлика 0:36!

11148

Фудбалскиот клуб Рад од Белград во минатото, со години беше еден од подобрите клубови во Србија, а сега бележат историска бламажа поради која им се заканува и бришење од фудбалската карта.

Клубот од Бањица беше редовен учесник во поранешната југословенска лига и учесник во Купот на УЕФА/Лига Европа, за овој клуб играа големи имиња како Владимир Југовиќ, Љубинко Друловиќ, Мирослав Ѓукиќ, Горан Буњевчевиќ, Милан Борјан, но и македонски репрезентативци Дејви Главевски, Александар Лазевски, Остоја Стјепановиќ, Александар Тодоровски, Горан Станиќ, Перица Станчески.

Сега се натпреварува во четвртата лига каде што игра катастрофално. Рад немал доволно играчи за првиот меч, што резултирало со срамотно непојавување на теренот. Кога конечно успеале да состават екипа, резулттите се поразителни – на пет натпревари примиле дури 36 голови, а не успеале да постигнат ниту еден.
Симболично, стадионот „Кралот Петар Први“ и помошните терени, некогаш расадник на таленти, се запуштени и претворени во змијарник.
Како што стојат работите, Рад е во фудбалска кома, и ако нешто не се промени, Рад би можел да престане да постои.

Рад дебитираше во Европа во сезоната 1989/90 против Олимпијакос од Атина (победа од 2:1 и пораз на гости со 2:0). Играше во Лига Европа во сезоната 2011/12 кога стигна до второто коло каде што беше елиминира од Олимпијакос Волос со 2:1 вкупен резултат.

ПретходноИталијанската полиција им забрани на „Делиите“ да дојдат во Милано
СледноСаудијците нудат милијарда евра за Евролигата!