Фудбалскиот клуб Рогашка од Словенија место нагоре со брзи чекори оди надоле. Екипата имаше резултатски сезона од соништата го освои и Купот, но потоа потона. И покрај историскиот трофеј, Рогашка е исфрлена во регионалната лига, а останаа без лиценца за настап во Европа.
Капак на тоа стигна и казна од Светската фудбалска федерација – ФИФА.
Рогашка мора да му исплати 20.000 евра на поранешниот фудбалер Вице Миљаниќ кој играше за клубот во првиот дел од сезоната 2023/24. Хрватскиот фудбалер го пријавил клбот во ФИФА.
Причината е мобинг и малтретирање од страна на раководството на клубот. Тој не добивал плата, а кога ќе ги побарал парите, завршувал на трибини или тренирал одвоено од екипата. На секој бунт бил казнуван.
Тоа траело со недели, додека Хрватот не го пријавил клубот во ФИФА.
По половина година ФИФА пресуди во корист на играчот и притоа и изрече на Рогашка парична казна. Па така словенечкиот клуб ќе мора да му исплати на Миљаниќ 20.000 евра, а клубот ќе плати и казна од 90.000 евра.