Дурдов е новиот бисер: Малиот има само 16 години, погледнете какви голови дава за Хајдук! (ВИДЕО)

471

Бруно Дурдов (16) е топ тема не само во Сплит, не само на овие простори туку и во Европа. Малиот е роден во декември 2007 година, значи има само 16 години, но тоа што вчера го направи на „Пољуд“ во Сплит против Горица навистина е нешто фантастично. Гостите поведоа со 0:1 и тогаш на сцена стапи Дурдов кој со два убави гола донесе пресврт, на крајот Хајдук победи со 4:1.

Значи и на овие простори има мега – таленти, не се само разни Јамали и слично.

Фудбалски Сплит и Хрватска се во транс поради Дурдов, само не и фановите на Динамо кои си имаат свои проблеми.

Секоја чест за Гатузо што имаше храброст да го стави малиот во тимот заедно со Ливаја, Ракитиќ и другите големи ѕвезди на фудбалот.

Погледнете ги голови на Дурдов…фудбалска фантазија:

 

ПретходноХаос на СУПЕРКЛАСИКО: Голманот на Бока сакаше да се тепа со своите навивачи! (ВИДЕО)
СледноЌе се осмели ли некој да го казни? Белингем го нарече судијата – ГО*НО! (ВИДЕО)