„Сакаат да исчезнеме“! На Сити му “гори“, останува без петте најголеми ѕвезди?!

827

Познато е дека пред неколку денови започна судењето на векот, како што велат во Англија. Обвинет е Манчстер Сити за прекршување дури на 115 точки од финансискиот фер – плеј. Во случај да биде прогласен за виновен, тогаш овој клуб ќе биде исфрлен од сите натпреварувања, а ќе му бидат одземени и сите трофеи освоени во изминатата деценија.

Токму затоа Пеп Гвардиола, онака искрено констатира:

Како сите да очекуваат не само да испаднеме од Лигата, туку и да исчезнеме од фудбалската мапа“.

Ова докажува дека во клубот траумите се големи. Можеме само да претпоставиме што ќе се случува ако навистина Сито биде прогласен за виновен.

Тоа ќе биде крај на еден од најголемите и најтрофејни клубови во светот во изминатите две децении.

И јасно е дека му “гори“, но тоа на фудбалерите не им пречи нешто премногу ако се знае дека веднаш можеда си најдат нова средина. Имено се шпекулира дека, ако Сити биде прогласен за виновен, тогаш петте најголеми ѕвезди во тимот веднаш ќе си одат. А потоа и сите други кои нешто значат на фудбалскиот пазар.

Познато е дека Халанд се поврзува со трансфер во Реал Мадрид или Барселона, Де Брујне оди во С. Арабија, Родри веројатно во Реал Мадрид,, Фоден може да бира во било кој голем клуб од Европа да потпише, а Бернардо Силва би заминалч во Барса или во својата Португалија иако и тој има отворени понуди од С. Арабија.

Во тој случај и Пеп Гвардиола би си заминал, сигурно е дека нема да работи во тим кој се натпреварува во пониските лиги и клуб кој Европа и ЛШ може само да ја сонува.

Значи тешки и пред се, неизвесни денови го чекаат гигантот од „Етихад“.

ПретходноРеал Мадрид сега е ПЕНАЛ МАДРИД!
СледноШтипјани почнаа со победа во првиот контролен натпревар