Димитријевиќ не само што го освои Суперкупот, прогласен е и за МВП

1275

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го освои првиот трофеј со Олимпија Милано, а веднаш дојде и до првото индивидуално признание откако летоска стана член на овој клуб.
Нашиот кошаркар е прогласен за МВП (најкорисен играч) на Суперкупот на Италија, апсолутно заслужено ако се има предвид неговиот ефект во двата меча. На нив оствари просек од 15 поени, 3,5 асистенции и 3 скока со индекс 16.

ПретходноГРК Тиквеш со реми ја заврши европската авантура
СледноГвардиола: Следниот пат моите играчите ќе го игнорираат судијата