Во интересно финале во Суперкупот на Шпанија, екипата на Уникаха го совлада Реал Мадрид со 90-80 и стави крај на доминацијата на кралскиот клуб во ова натпреварување. Уникаха стигна до трофејот за прв пат во својата историја. Овој успех на Уникаха доаѓа само неколку денови по триумфот во Интерконтиненталниот куп во Сингапур.
Пред 7.400 гледачи во салата во Мурсија, Уникаха во првите три минути направи серија од 12-0. По првата четвртина Реал имаше негатива од 13 разлика (19-32). Уникаха диктираше добро темпо и во ниту еден момент не падна ни физички ни психички. Во последната четвртина кога се кршеа копјата беа одлични и на крајот му нанесоа пораз на џинот од Мадрид.
Уникаха ја предводеше Камерон Тејлор со 22 поени, 6 скокови и 6 асистенции, а црногорскиот репрезентативец Кендрик Пери постигна 16. Кај Реал најефикасен беше Кампацо со 19 поени, а Дек постигна 13…