Симоне Инзаги: Не личевме на тим, овој пораз за нас особено е болен!

106

По шест победи во серија, вчера на „Сан Сиро“ екипата на Интер беше поразена од градскиот ривал Милан, и тоа со 1:2. Секако дека разочарувањето кај шампионот е големо, тие посакуваа и седма победа во низа над Милан во меѓусебните пресметки, но сепак тоа не се случи. Без разлика што пред натпреварот Интер беше посочуван како апсолутен фаворит.

Јасно е дека Милан е квалитетен тим. Тие одиграа подобро од нас и заслужено победија. Ние имавме погрешен пристап, Интер не личеше на тим, не личеше на себе. Се обидов да направам корекции, но како што кажува резултатот очигледно е дека не успеав во тоа. Требаше да одиграме подобро, но одговорноста е моја. Ќе повторам дека во ниту еден момент не личевме на тим кој е подготвен за дербито. Тоа ретко ни се случува и затоа овој пораз за нас особено е болен“ истакна Симоне Инзаги, тренерот на Интер.

ПретходноИсториски успех: Шахистот на ШК Алкалоид Тони Лазов го освои сребрениот медал на Олимпијадата во шах!
СледноШто следува по прекинот во Кавадарци? Суспензија на теренот и службени 0:3 за Вардар!