Славниот Рој Кин ја коментираше изјавата на Микел Артета по натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.
Ирската легенда, миленикот на навивачите на Манчестер Јунајтед, доста се нафрли на шпанскиот стручњак на клупата на „топчиите“. По натпреварот имаше многу критики за арбитражата на првиот судија, а навивачите на Арсенал сметаат дека нивниот клуб е оштетен.
Сличен став беше и менаџерот на тимот на Артета, кој по натпреварот истакна дека Оливер бил премногу груб кон Тросард кога му го дал вториот жолт картон.
Но, не сите се согласуваат со тоа. Еден од нив е Кин, кој се нафрли на Артета.
„Длабоко во себе тој е задоволен со бодот. Покажи малку класа како менаџер на Арсенал. Тој веројатно заслужи црвен картон, добро реагиравме и одиме понатаму. Тоа е крај. Земи лекови и продолжи понатаму. Покажи малку класа“, му порача Кин на тренерот на Арсенал.