Реал Мадрид ја совлада екипата на Алавес со 3:2 во 7-мото коло од шпанската Ла Лига. Екипата на Карло Анчелоти имаше огромна предност на 5 минути до крајот, но Алавес постигна 2 брзи гола и го закомпликуваа животот на кралскиот клуб.
Реал поведе по само 54 секунди игра со голот на Лукас Васкез. На 2:0 зголеми Мбапе во 40-тата минута, а во 48-та Родриго го постигна и третиот гол за Реал. Алавес немаше големи шанси и се чинеше дека Реал лесно ќе го затвори натпреварот. Но Алавес постигна два брзи погодоци преку Бенавидез во 85-тата и Кике Гарсија во 87-та минута за шок на домашните фудбалери. Имаше 6 минути дополнително време за Алавес да нападне со сите сили кон изедначување. Сепак фудбалерите на Реал се прибраа и успешно го затворија натпреварот.
Со оваа победа Реал остана на втората позиција со 17 освоени бода, додека пак Алавес се наоѓа на 8-та позиција со 10 бода.