Проблем за Реал, Мбапе под знак прашалник за мадридското дерби

101

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе заработи лесна повреда на натпреварот против Алавес (3:2) и може да го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид викендов.

Мбапе го напушти теренот во 80. минута, а претходно постигна еден од головите за „белите“. Тој почувствува непријатност во левата бутина и му сигнализираше на тренерот Карло Анчелоти дека сака замена.

Французинот денеска или најдоцна утре ќе биде подложен на дополнителни тестови, по што ќе биде јасно дали ќе биде достапен за пресметката на на 29 септември.

Мбапе има постигнато 7 гола на 9 натпревари во сите натпреварувања откако му се приклучи на Реал Мадрид ова лето.

Претходно„Чкембари“ со четири автобуси ќе дојдат за дербито со Вардар 1961
СледноПрвата машка кошаркарска лига доби генерален спонзор