Атаман со гестикулацијата предизвика скандал во Турција

456

Кошаркарите на Панатинаикос го победија Галатасарај во подготвителен натпревар одигран во Турција, а тренерот на Пао, Ергин Атаман по мечот предизвика скандал. Атаман, кој воедно е и селектор на Турција, гестикулираше кон трибините резултат 3:1 со кој Галатасарај го совлада Фенербахче изминатиот викенд, а со тоа ги налути навивачите и раководните луѓе на Фенер.

Фенербахче реагираше и испрати соопштение до јавноста дека нема да ги пуштат своите играчи да играат за репрезентацијата на Турција додека Атаман е селектор.
Во меѓувреме Атаман се извини, но од Фенер останаа на ставот со порака дека тоа што Атаман го направи пред милиони гледачи се спротиставува со достоинството и идентитетот на позиција селектор на репрезентацијата.

ПретходноАдеми даде гол за Динамо, а Ќамили за Сондерјиске во Куп натпревари (видео)
СледноМуарем Муарем: Убаво е да ја победиш Шкендија, убаво е да си лидер!